Нова кредитна линија од 100 млн. евра за подршка на компаниите

Bez autora
May 31 2012

Поволна кредитната линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони за малите и средни претпријатија ќе биде достапна веќе од јуни. Тој појасни дека кредитната линија ќе може да се користи во наредната година по повластена субвенционирана каматна стапка по 5.5%. Hавремена реализација на капиталните инвестиции, кои што во ребалансот на буџетот се предвидени на историско највисоко ниво од 21.5 милијарда денари, односно 350 милиони евра. Очекувам тоа да помогне на многу фирми и во градежништвото и во индустријата со оглед на тоа дека во странство дека нивните нарачки, нивната работа е намалена, мора да се креира домашен ангажман за нашите фирми.

Нова кредитна линија од 100 млн. евра за подршка на компаниитеПоволна кредитната линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони за малите и средни претпријатија ќе биде достапна веќе од јуни, објави во четвртокот министерот за финансии Зоран Ставрески.

Тој појасни дека кредитната линија ќе може да се користи во наредната година по повластена субвенционирана каматна стапка по 5.5%.

Како втора мерка Ставрески ја наведе навремена реализација на капиталните инвестиции, кои што, како што рече, во ребалансот на буџетот се предвидени на историско највисоко ниво од 21.5 милијарда денари, односно 350 милиони евра.

„Очекувам тоа да помогне на многу фирми и во градежништвото и во индустријата со оглед на тоа дека во странство дека нивните нарачки, нивната работа е намалена, мора да се креира домашен ангажман за нашите фирми“, рече Ставрески.

Освен тоа би сакал да ја спомнам и мерката која што нечесто се зборува но е исклучително важна за македонските фирми, а тоа е дека не плаќаат данок на остварената добивка и плаќаат само 10% персонален данок кој што е најнизок во Европа и каде што сите земји во Европа, 26 од 27 земји ги зголемија даноците во овој период, а Македонија тоа не го направи, рече Ставрески.

Според него падот на индустриското производство е последица на е последица на падот на индустриското производство и рецесијата во поголем дел од европските земји.

Во такви околности Ставрески не ја исклучи можноста и Македонија да западне во рецесија, додавајќи дека сепак е рано да се изнесуваат бројки, со оглед дека вториот квартал не е завршен.

„Како и да е наша задача е и задачата на стопанството е да извлечеме максимум од ова ситуација, да ги ублажиме последиците, а неможеме целосно да ги избегнеме, бидејќи ова што се случува во Европа е навистина од големи размери и навистина е криза која што ги зафаќа и најстабилните и најсилните земји“, рече Ставрески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik